На еден од првите тренинзи за новата НБА сезона во Таргет-центарот, Кевин Гарнет му упати силна порака на руки кошаркарот Рико Рикерт дека со МВП кошаркарот не смее да се шегува. Рикерт кој лани многу успешно настапуваше за Крка од Ново Место во една акција направи фантастич на финта, со која лесно го мина својот идол Гарнет и постигна кош. Гарнет одговори без предупредување – му удри шлаканица на Рикерт. Исеченицата ја наложи потребата од употреба на седум копчиња, а истовремено на Рикерт му бе- ше оштетен еден заб. Од проста причина што во целиот инцидент е вклучен најдобриот играч во историјата на Вулфс, треба да се очекува сега Рикерт да има големи проблеми да се избори за место во екипата на Минесота.