Уредникот на “Гардијан” Алан Расбриџер откри дека британската Влада се заканила оти против весникот, кој ги објавуваше документите на американскиот поранешен соработник на ЦИА Едвард Сноуден, ќе преземе правни мерки, доколку не ги уништи доверливите документи или не им ги предаде на британските власти.

Во напис објавен вчера вечерта на интернет, Расбриџер наведува дека двајца службеници на британското разузнавање го следеле уништувањето на харддисковите, за да се осигураат дека ништо нема да претставува интерес за кинески агентии.

Уредникот на Гардијан истакнува дека уништувањето на информациите се случило овој месец и претставувало кулминација од неколкунеделниот притисок врз Гардијанн од британски официјални претставници. Откако весникот почнал да ги објавува откритијата на Сноуден, со Расбриџер се поврзал многу висок владин претставник, кој тврдел дека ја изразува позицијата на премиеротт. Тој настојувал информациите дадени од Сноуден да бидат предадени или уништени. Потоа следеле се понапнатии средби со британските власти кои на крајот се заканиле со судска пресметка за пробиенитее документии.

Расбриџер вели дека уништувањето на харддисковите нема да го попречи покривањето на темата од страна на Гардијанн, алудирајќи дека копии од досиејата на Сноуден се држат на друго место и оти покривањето на оваа тема ќе продолжи надвор од Велика Британија.

Написот на Расбриџер доаѓа во момент кога британските власти се подложени на критики за приведувањето во рок од девет часа на Дејвид Миранд, партнер на новинарот од Гардијанн Глен Гринвалд, кој работел со Сноуден за откривање на програмите за електронско следење на Агенцијата за национална безбедност (НСА).