x

„Гама“ гол за спас на Работнички (ВИДЕО)

131894570_2716746898578543_7935623736178765922_n

Работнички – Борец 2:1 (1:1)

Арена Тодор Проески

Без гледачи

Главен судија: Александар Грујоски Помошници: Куштрим Лика, Зоран Јанкуловски (сите од Кичево)

Стрелци: Станковски 15‘, 71‘ (Р) Прелчец 12‘ (Б)

Ж.картони: Лазаревски, Стојков (Р) Ристовски (Б)

Играч на натпревар: Лука Станковски (Работнички)

Работнички: Лазаревски, Зука (Пецов 76‘), Ѓорѓевиќ, Ѓурѓевиќ (Муарем 85‘), Силјановски, Шаркоски, Стојкоски (Тодоровски 77‘), Стојков (Максимов 77‘), Станковски, Јевтоски, Трајковиќ

Борец: Ѓоргиевски, Ристовски, Стојчевски, Трајановски (Стоименовски 87‘), Коцев, Прелчец, Силва (Ѓоргиев 46‘), Ристовски, Ефтимов (Десниќ 78‘), Трајков (Пеев 46‘), Ристески

Лука Станковски уште еднаш, по којзнае кој пат есенва покажа дека е најдобриот млад фудбалер во Македонија. Офанзивецот на Работнички со само 18 години буквално го носи сам на грб што се вели својот клуб, и му носи бодови кои значат спас за клубот во моментов. Станковски денеска на Арената му донесе нов триумф на Работнички од 2:1 над Борец со два постигнати гола. Иако противникот поведе со голот на Плелчец упте во 12. минута, сепак, Станковски беше тој кој донесе за домаќинот резултатска стабилност само три минути подоцна. Удар од преку дваесетина метри во десниот долен голманов агол.

Во второто полувреме, Борец почна да игра поофанзивно но само за да Работнички искористи уште една контра. Ѓурѓевиќ одигра преку себе, центрираше на „слепо“ што се вели на втората статива но со многу чувство каде што осамениот Лука Станковски забива за водство на Работнички.
До крајот на мечот гостите јалово се обидуваа да стигнат до реми, а Работнички беше тој кој што имаше ситуација да постигне уште еден гол.

 

 

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата