Револтирани жители на скопското село Волково денеска го пречекаа премиерот Заев кој дојде да направи увид во градежните активности на спортската сала при ООУ „Јоаким Крчовски’’ во Волково.

Како што може да се види во видеото, една жителкадиректно му се обрати велејќи дека ништо не е направено и дека само си кажуваат додека ништо не реализираат.

„Горно маало Волково кога ќе се заврши со канализација. Каде е проширувањето на улицата, каде се тротоарите, каде се градинките, ништо немаме. Горно маало немаме ништо и воопшто не сме задоволни со ништо. Сите кажувате, кога и да дојдете само кажувате, а немате ништо исполнето Од сред село на кај Кучково патот што, е поминете господине да видите по какви улици одиме ние, каде ни учат децата, по какви калови одат децата“ рече изреволтираната жителка на Волково и додаде:

„Децата нас ни одат по кал, немаме улица, мајките ги шетаат бебињата со колички , верувате или не. Ништо не се решени, гледаме ние што имаме и кај имаме. Децата од странство ни доаѓаат не можат на улица да излезат, само кал и ништо друго, три години чекаме“

Премиерот во заминување Зоран Заев на ова рече дека е изреагирана и исценирана претстава. Тој и градоначалникот Наумовски изјавија дека улицата е направена.

После настанот новинарот Фуркан Салиу ја сними жителката на Волково пред нејзината улица и како што може да се види од видеото улицата не е улицата не е асфалтирана ниту има канализација.

Заев и Наумовски се фатени лага, како ја нападнаа жителката на Волково, манипулирајќи пред новинарите.