x

Газдата на Шкендија донираше таблет компјутери за учениците

Газдата на Шкендија Лазим Дестани, поточно неговата компанија „Еколог“ со донација од илјадници таблет-компјутери, наменети за учениците.

Таблетите се наменети за оние ученици кои не можат да следат он-лајн настава, која во моментов се одвива, откако сите училишта се затворени додека трае пандемијата со коронавирусот.

Дестани ја објави донацијата и на својот профил на „Фејсбук“.

„Еколог донираше илјадници таблет компјутери за децата кои имаат потреба од нив. Горди сме што можеме да помогнеме на нашиот народ во овој период. “, напиша Дестани.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата