Компанијата на Лим, „Минт медиа” стана сопственик на правата за ликот и делото односно имиџот на Роналдо. Тој на својата веб страница напиша дека ова претставува стратешки потег со кој ќе се издигне и зајакне брендот, а исто така ќе се освојува и азискиот пазар.

Врската помеѓу овој двоец е познатиот „суперагент” Жорге Мендеш, кој го застапува играчот и годишно му обезбедува спонзорски договори од над 20 милиони евра, а исто времено работи и како советник на сингапурскиот бизнисмен.

Според „Форбс” Питер Лим тежи две милијарди долари, а во светот на фудбалот влезе со купувањето на мнозинскиот пакет акции во Валенсија за 430 милиони евра