Бредли Купер, Лејди Гага и Ирина Шајк со месеци се главна тема во Холивуд. И додека постојано се зборува за љубовниот триаголник на овие sвезди, се појави веста дека пејачката му била само параван на актерот, кој е во сосема трета врска.

Бредли Купер наводно е во врска со Џенифер Гарнер, поранешната сопруга на актерот Бен Афлек!

Според американскиот портал „Селебрити хаш“, Џенифер била видена како излегува од куќата на Бредли во Лос Анџелес.

„Претходно овој месец, Џенифер беше видена како доаѓа кај Бредли на тајна средба, а нивната врска цвета од ден на ден“, изјавил неименуван извор за американските медиуми, додавајќи дека двојката може наскоро да има заедничко дете.

Џенифер и Бредли се запознаа на снимањето на серијата „Алијас“ уште во 2001 година и станаа добри пријатели.

извор: Makfax