Репрезентативецот на Италија и сега веќе поранешен напаѓач на Наполи, Маноло Габијадини, пред неколку часа и официјално беше претставен како последна зимска аквизиција на англискиот премиерлигаш Саутемптон.

За да ги осигураат услугите на малдиот напаѓач, раководните лица на популарните “светци# мораа да го прифатат побараното обесштетување вредно 20 мил. евра.

Поранешниот фудбалер на Аталанта, веднаш им се заблагодари на најверните фанови на Наполи, кои секогаш биле покрај него, а како главен виновник за неуспешната авантура на “Сан Паоло”, го посочи предводникот на “азурите”, Маурицио Сари.