Во Русија беа потврдени 5.111 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 892.654, објави кризниот штаб.

Според објавените податоци, дневната стапка на раст на бројот на новозаболени е 0,6 проценти, пренесува ТАСС.

Во изминатиот ден, од коронавирусот починале 70 луѓе, што е за седум помалку од претходниот ден.

Вкупниот број на смртни случаи во Русија сега изнесува 15.001.

извор: Makfax