Сфатив за ова време додека се боревме со коронавирусот колку е важно и дека нема ништо поважно од тоа вашите деца да се здрави, рече српскиот претседател, Александар Вучиќ, во интервју на РТС

Ноќта кога го однесов син ми во болница, ракавици, маски, а тој имаше треска и висок крвен притисок, па се исплаши. Посакав да ме нема, да јас одам таму, само  со него да биде се во ред. Верувајте ми, не знаев што да правам со себе, да бидам искрен“ изјави Вуќиќ

Тој вели дека тогаш ја разбрате вредноста на здравјето.

Поминав низ лично искуство, го изгубив мојот пријател Владо Бјелогрлиќ. Тој е 5 години помлад од мене, прекрасен човек, физички силен и паметен.“ истакна Вучиќ и додаде:

Тогаш сфаќате колку е важно здравјето и повеќе да го цените. Сакам да им кажам на нашите постари граѓани дека сега ќе се грижам за сите здравствени установи уште повеќе, да обновиме се шт можеме и да ги подигнеме уште повеќе платите на здавствените работници. Еве ова нека биде поука за мене“ нагласи Вучиќ во интервјуто за РТС.