Претседателот на Србија Александар Вучиќ на Инстаграм објави дека повторно ќе биде студент. Тој објави слика со индексот и кошаркарска топка со него, најавувајќи дека е многу среќен што конечно ќе може да ги оствари своите детски соништа.  Тој ќе студира на Високата спортска и здравствена школа, со намера да стане кошаркарски тренер за деца.

„По втор пат во животот станав студент, сега на Вишата спортска школа за стручни студии, со желба да бидам кошаркарски тренер за деца. Не би поверувале колку сум среќен што по многу години почнувам да ги остварувам моите детски соништа”, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател во деведесеттите има дипломирано на Правниот факултет во Белград.

извор: Makfax