Единствен начин да продолжи дијалогот за нормализација на односите е Приштина да ги повлече крајно неразумните одлуки, порача српскиот претседател, Александар Вучиќ во Брисел, за време на средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.

Вучиќ со Туск разговараше за ситуацијата во регионот, мерките на Приштина и европските интеграции на Србија. Во оваа прилика Вучиќ истакна дека единствен начин да продолжи дијалогот е Приштина да ги повлече неразумните одлуки, пишува „Б92“.

Тој додаде дека Србија го поддржува дијалогот за нормализација на односите со Приштина и смета дека разговорите се единтвен начин за решавање на отворените прашања и зачувување на регионалната стабилност. Сепак, како што нагласи Вучиќ, одлуката на Приштина за драстичното зголемување на таксите од 100 проценти е спротивна на договорот од ЦЕФТА Тој го искоментира и законот за транформација на косовските безбедносни сили во армија, за кој повтори дека не е во согласност со резолуцијата 1244.

Претседателот на Европскиот совет ги поздрави разумните потези на Србија во односите со Косово. На состанокот на Вучиќ и Туск присуствуваше и премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

извор: Makfax