Се поголемите притисоци од коалициските партнери и партиските функционери се еден вид подготовка на јавноста за обелоденување на претседателската кандидатура на Александар Вучиќ, пишува Блиц.

Иако луѓето од неговото опкружување тврдат дека тој се уште не размислува за претседателските избори, последните неколку дена во врска со тоа се огласија неговите колициски партнери.

Лидерот на социјалистите Ивица Дачиќ изјави дека ако се кандидира кој било друг освен Вучиќ тоа би било ризично за власта затоа што тоа би предизвикало обединување на опозицијата околу еден кандидат.

Вучиќ засега не се изјаснува, пред Нова година тој и актуелниот претседател Томислав Николиќ ја известија јавноста дека со името на кандидатот ќе излезат наскоро.