Никому нема да дозволиме да соннува сништа на сметка на напа територија и витални интереси на нашиот народ, порача денеска премиерот на Србија Александар Вучиќ, а како коментар на посетата на Нишани на југот на Србија вели:

-Со ништо не сме уплашени, ние сме отворена земја, секој е добредојден, но оној кој мисли дека може или смее да г нарушува интегритетот на земјата, мој одговор е- немојте тоа да го правите и немојте тоа ниту да се обидувате да го направите- порача Вучиќ.

Тој додава дека „знаат да дочекаат секого”, дека таму е претседателот на Координативното тело за југот на Србија Зоран Станковиќ, но забележа и дека не е убаво што изостанала српската химна на дочекот. Станковиќ, додава, ги знае протоколите на Србија, но и порача до „оние кои сонуваат некои други сништа , а не нови фабрики, кои се напите соништа, да заборават на нив”.

-Немојте ниту да се обидувате, а јас им посакувам убаво да си поминат- порача Вучиќ.