За време на посетата на американската делегација на Белград, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се осврна и на елиминацијата на Новак Ѓоковиќ од УС Опен.

Американската делегација е предводена од Ричард Гренел, специјалниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, кој Вучиќ го пречека во Палатата на Србија.

Имаше и разговор за Новак Ѓоковиќ, кој беше споменат и на средбата во Вашингтон, но тој состанок беше снимен пред славното протерување на Ѓоковиќ, а сега Вучиќ ја спомна болната елиминација.

– Исто така, видов дека претседателот Трамп ја споменува Србија, ми беше многу тешко што неправедно го исфрлија Новак Ѓоковиќ од тој УС Опен, затоа што никој не можеше да го победи таму, но тој ќе победи таму следната година, како што ќе победеше и оваа година – рече Вучиќ.