Консултациите за формирање на Владата на Србија започнаа денеска.  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најпрво се состана со претставниците на изборната листа „Албанска демократска алтернатива – Обединета долина“.

Претставниците на листата, предводени од Шаип Камбери, претпладнево пристигнаа во зградата на Претседателството. Во наредните денови Вучиќ ќе се сретне и со претставници на други партии и листи кои обезбедија мандати на изборите – претставници на СВМ, СПС, СПАС, Партијата на правда и помирување и СНС.

извор: Makfax