Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска го посети 15. тенковски баталјон на Првата бригада на армијата во касарната во Сремска Митровица.

Вучиќ присуствува на демонстрации на способностите на тенковските единици и на ракетните фрлачи од 128 мм, М77 „Огањ“.

Српскиот претседател на настанот изјави дека земјата сака да ја зачува воената неутралност, безбедноста, стабилноста и мирот, но нагласи дека одбрана е важна, доколку затреба и најави дополнителни, како што рече, досега најголеми финансиски средства за одбранбената индустрија.

„Ние сакаме да ја зачуваме воената неутралност, да бидеме свои на своето и не влегувајќи во ничија трка, секогаш да можеме да гарантираме безбедност, стабилност и мир. Колку сте посилни, имате посилно превентивно дејство врз оној којсмета дека може да постигне некои политички цели преку воена агресија“, рече Вучиќ.

 

 

извор: Makfax