x

ВУНДЕРКИНД! Коко ја елиминираше минатогодишната победничка на АО

Младата 15-годишна Американка Коко Гоф ја елиминираше минатогодишната победничка на Австралија Опен, Наоми Осака со 6:3, 6:4.

Гоф со своите 15 години за првпат учествува на Гренд Слем турнирот во Мелбурн. Таа беше поразена пред само две години во првото коло на јуниорскиот турнир, а сега стигна и до осминафиналето.

“Боже мој! Ова е лудо! Јас сум на Род Левер! Не можам да верувам!”, коментираше Гоф.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата