Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, го обвини Скопје дека е центар за разузнавање каде се подготвуваат сите информации за напад против Србија.

Во изјава за српски „Новости“, Вулин вели дека во Скопје се обезбедува финансиска поддршка и информации за напад против Србија.

,,Скопје е она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките дејности против Србија, простор каде се обезбедуваат финансиски средства за финансирање на цинкароши од целиот регион“-изјави Вулин за Новости.

Овие жестоки критики кон Владата тој ги упати по средбата на премиерот Зоран Заев со опозиционерот Драган Ѓилас во Скопје на која стана збор и за граѓанските антивладини протести во Србија.

-Вучиќ е под непосреден удар на службите поради црвстиот став дека нема да прифати власт на амбасадор. Скопје стана простор од кој потекнуваат напади кон Србија и нејзиниот претседател – изјави Вулин.