x

Вуко Борозан е најплатениот ракометар на Веспрем во последните шест години

Унгарските сајтови излегоа со интересни податоци околу месечните примања на ѕвездите на Веспрем. Како главен извор за откривање на сумите кои ги земаат ракометарите на овој тим го наведоа „Handout TV Youtube“, кој постојано спеделува информации до кои тешко може да се дојде.

Овој пат овој канал направи видео-запис со најплатените ракометари на Веспрем за периодот од 2014 до 2020 година. Најплатен играч е екс-вардарецот, Вуко Борозан, според нив тој месечно заработува 27.500 евра. Црногорецот е поплатен и од Арпад Штербик, кој заработувал 25.000 евра, на оваа листа се најде уште еден некогашен член на македонскиот тим, Рожерио Мораес. Бразилецот секој месец на сметката добива 16.500 евра.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата