Адам Кастијело од Лондон е вториот човек во светот кој е излекуван од ХИВ. Како што е објавено во научниот магазин „Лансет ХИВ“, Кастијело по повеќе од 30 месеци откако му била прекината антивирусната терапија и натаму го нема во својот организам тој опасен вирус, кој со децении однесе многу животи.

Но Кастијело не е излекуван благодарение на лековите против ХИВ, туку со терапија со матични клетки кои ги добивал зошто истовремено боледувал и од рак.

Донаторите на тие матични клетки имаат невообичаен ген кој им дава заштита против ХИВ, па така нивните клетки го заштитиле и 40-годишниот Адам, кој одлучил да го открие својот идентитет бидејќи сака да стане „амбасадор на надешта“.

Првиот човек излекуван од ХИВ е Тимоти Браун, познат како „берлински пациент“. Тој беше излекуван во 2011 година, три ипол години откако поминал низ слична терапија.

Трансплантираните матични клетки отпорни на ХИВ се чини дека ја затвораат можноста на вирусот да се реплицира во организмот.

извор: Makfax