x

Втор стрелец во Унгарија: Миовски со петти гол за МТК ги урна Муслиу и Николов (ВИДЕО)

miovski-goal

Фантастичниот Бојан Миовски го постигна и својот петтти сезонски гол за МТК во вечерашната голема победа над Фехервар од 3:1 во дербито на врвот во унгарското првенство. Младинскиот репрезентативец и вечерва ја потврди својата неверојатна форма и тоа во директната пресметка со тимот на уште двајца наши сениорски репрезентативци, Муслиу и Николов, постигнувајќи го третиот гол за домашните.

Муслиу и Николов беа стартери за Фехервар, а нашиот дефанзивец направи пенал за стартно водство на МТК уште во 8. минута од натпреварот. Николов остана на терен до 54. минута кога и беше заменет.

За Миовски петтиот гол значи и второ место на листата на најдобри стрелци во унгарската фудбалска елита.

Голот на Бојан Миовски: 

Пеналот кој го направи Муслиу:

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата