Претставници на ИФЦ, според весникот во текот на минатата недела имале останок со претставници од хрватската Влада за спроведување на постапката и предлагање на стратешки партнер за домашната авио компанија, на кој ИФЦ ги презентирал своите можности, а за десет дена пред Владата би требало да ја достават својата конечна понуда.

Според весникот, ИФЦ стратешки партнер за Кроација Ерлајнс би можел да најде во рок од 12 месеци од потпишување на договорот, пред се бидејќи меѓународната компанија е добро вмрежена со инвеститори од Азија, Кина и арапските земји, што е добар предуслов за обавување на оваа работа.
Првиот обид за барање на стартешки партнер за Кроација Ерлајнс беше пред една година и на повикот не се јави ниту еден заинтересиран.