Издавачкиот центар “ТРИ” веќе го испечати второто издание на романот “Полиња со диви нарциси” од Винка Саздова, кој беше објавен пред помалку од еден месец. Како што истакнуваат од “ТРИ”, првиот тираж од илјада примероци е веќе распродаден, во најголем дел на Саемот на книгата, што се одржа во април.

“Полиња со диви нарциси” е втор роман на Винка Саздова, по успехот со “Последниот чај”, кој за година и пол доживеа пет изданија. Според “ТРИ” се работи за современ роман за триаголникот на љубовта, за близините и далечините во нашите животи, за простувањето.