Диосдадо Кабејо, вториот човек на владата на Венецуела, ги отфрли обвиненијата дека тој бил вклучен во тајни преговори со администрацијата на САД, известува шпански Си-ен-ен.

Кабејо се изјасни на прес-конференција во Ла Гуаира, велејќи дека таков вид на преговори се возможни само под четири услови.

„Под авторизацијата на претседателот Николас Мадуро, во врска со Венецуела, овде во Венецуела, и со сопствениците на циркусот“, изјави Кабејо и упати шега на сметка на администрацијата на САД.

Според новинарската агенција „АП“, функционер близок до Трамп и неговата администрација се сретнал со Кабејо, кој се смета за најмоќниот човек во Венецуела, веднаш по Мадуро.

Кабејо пак, се шегуваше информациите кои се ширеа на „Твитер“ и сподели една објава од еден корисник на мрежата во која беше напишано:

„Диосдадо тајно се сретна со еден ‘гринго’ со цел да скова таен план и да го саботира Николас, кој не знае ништо бидејќи кога би знаел, тоа не би било тајно. Значи, не кажувајте ништо, ако се дознае тајната, планот нема да успее. Искрено ваш, АП“.

Уште од почетокот на годината во Венецуела владее политички немир поради борбата за моќ меѓу Мадуро и поранешниот претседател Хуан Гвидо.

Во јануари годинава, Гвидо се прогласи себеси за претседател на Венецуела, а изборот на Мадуро го прогласи за лажен.

Овој потег на Гвидо беше признат од страна на повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД.

извор: Makfax