x

Вториот тим на Е. Пелистер подобар од Прилеп во контролен меч

rk-prilep-eurofarm-2

Во делот од подготовките за новата ракометна сезона, денеска тест-меч одиграа екипите на Прилеп и Еурофарм Пелистер 2. Вториот состав на битолскиот суперлигаш славеше со 32:25, што беше прва контролка за прилепчани по струшкиот турнир.

Прилепчани на денешниот натпревар одиграа без повредените Амзоски и Гавашелишвили кои со повреди се здобија уште на струшкиот турнир.

Следниот контролен натпревар екипата на Прилеп ќе го одигра во Охрид против екипата на КЛ7 во недела.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата