x

Вториот тим на Вардар недораснат за Нексе

Како за крај на 2019 година Вардар претрпе тежок пораз на гостувањето во Нашице од Нексе 42:26 (18:14) во последното коло од групната фаза од СЕХА-лигата.

Натпреварот немаше никакво резултатско значење за „црвено-црните“ кои оддамна го потврдија првото место на табелата во групата А и директниот пласман во полуфиналето, па од таму Едуард Кокшаров можеше да си дозволи да експериментира.

Поточно од првиот тим во составот беа Кукуловски, Димитриоски, Карапалевски, Ќосевски и голманот Кизиќ, додека останатиот дел беа ракометари кои настапуваат за Вардар Јуниор. Оној, шампионскиот тим одмора веќе цела седмица.

Достојно се држеа младите момци во првото полувреме, најголемата негатива од четири гола 16:12 дојде по 27. минути игра, а на полувреме заминаа исто толкав минус, 18:14.

Но, падот, односно фактот дека се недораснати и недоволно искусни за натпревари од ова ниво се виде во второто полувреме во кое Нексе влезе со 5-0 серија (23:14), а потоа и двоцифрена предност од 26:16, за на крајот да дојде до повеќе од убедлив триумф.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата