x

Вториот АБА 2 турнир во Бања Лука во јануари

mzt-radost

Вториот турнир во АБА 2 лигата ќе се игра во Бања Лука. Домаќин на т.н. „балон“, вториот во оваа сезона, ќе биде екипата на Борац од Бања Лука, со помош на Игокеа од Александровац, учесник во АБА конкуренцијата.

По Златибор, двата македонски претставници во првиот месец од 2021 година ќе треба да се префрлат од домашните, на предизвиците кои со себе ги носи играњето во ова регионално натпреварување.

Во текот на јануари, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе одиграат четири или пет натпревари од регуларниот дел.

Засега, МЗТ Скопје Аеродром со скор од три победи и еден пораз е на делба на второто место на табелата.

Работнички има половичен ефект, две победи и два порази, и е во средишниот дел на табелата во АБА 2 конкуренцијата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата