Ве учи како повторно да сакате, откако еднаш сте биле повредени

Втората љубов ви покажува дека сѐ уште можете да имате верба во љубовта, без разлика колку болка ви предизвикала првата. Таа е тука да ги излечи вашите рани.

Ви дава надеж

Таа ви покажува што може да се случи доколку продолжите напред и ги оставите зад вас работите кои ве повредуваат, кога ќе се обидете повторно и нема да ја изгубите надежта. Втората љубов ви ја покажува светлината после темнината.

Таа е похрабра

Тоа значи дека вие знаете како да простите, како да ризикувате да бидете повторно повредени, затоа што вреди. Тоа значи дека се подготвувате за најлошото, но се надевате на најдоброто. Втората љубов ве прави посилни.

Ве тера да верувате во моќта на времето

Зошто работите со првата љубов не излегоа во најдобар ред? Зошто се заљубивте во погрешна личност? Зошто вашето срце беше скршено и покрај ветувањата дека сте сакани? Втората љубов е овде да ви каже дека зад секоја болка се крие вистинска причина и дека сакањето не значи дека таа личност е вистинската за вас.

Втората љубов има смисла

Таа не се заснова на детските фантазии, страста или занесот. Втората љубов доаѓа откако сте научиле да ја слушате вашата интуиција, да ги гледате црвените знамиња, да одберете некој што ќе додаде вредност на вашиот живот и откако сте научиле да донесувате зрели одлуки, а не кога сте осамени. Втората љубов ви покажува дека вие можете да бидете нечиј прв избор, но и што навистина значи да бидете сакани!