Бројката на новозаболени од Ковид-19 во изминатите 24 часа, а според направените 3042 тестирања, се искачи на  947, од кои само во Скопје се бројат 530.

Расте бројот и на хоспитализирани пациенти, а токму на оваа тема денес зборуваше и министерот Филипче и рече дека во сите болници во државата, освен во Струмица и во Куманово, имало слободни болнички кревети. Како што појасни, станува збор не само за инфективните, туку и за интерните одделенија кои сега се целосно наменети за третман на ковид пациенти со соодветен распоред на лекари.

На Инфективната клиника примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациенти. На кислородна поддршка се 132 пациенти.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ има 9 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 6 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на клиниката за неврологија 20 пациенти, на кожната клиника 18 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на Ковид-19.