забораваат на деновите кога имале време и за себе. Поради потребата за постојано докажување, добрата заработувачка и запознавање на сў повеќе луѓе од деловниот круг, не можете ниту да замислите дека би можеле повторно да го забавите ритмот. Но за да се опстане во оваа ,,луда тркаè, неопходно е да се задоволат и некои лични потреби. Но како?

МН: Своето време сфатете го како обврска
Доколку навистина сакате слободно време, пред се мора да верувате дека тоа не е тешко остварливо. Не поставувајте си самите препреки, туку бидете позитивни, активни и сфатете го како цел кој е поврзан со работата. Така и одговорноста кон ова време ќе биде поголема, а желбата да го исполните многу посилна

Детална анализа
Сигурно дека поголемиот дел од денот ви оди на неважни ситници. Земете хартија и на неа десетина дена запишувајте се што сте правеле. Потоа направете детална анализа и отфрлете ги сите обврски кои ви се непотребни. А сигурно ги има отповеќе.

Почнете со барем малку време за одмор
Значи, првиот дена нека биде 15 минути, па третиот околу половина час, петтиот еден час… и така се додека не си обезбедите еден нормален повеќечасовен одмор во текот на секој ден.

Без грижа на совест
Чувството на вина дека не правите ништо е само непотребна емоција. Дури и стручњаците утврдиле дека луѓето кои имаат слободно време, автоматски поквалитетно остваруваат односи и со нивните најблиски. Имаат многу повеќе пријатели, подобар љубовен и семеен живот. И сите свои животни амбиции ги исполнуват со повеќе енергија.