Преку ноќта и изутринава времето во земјава беше малку до умерено облачно со слаб југоисточен ветер, а по одделни котлини е облачно и магливо, соопштуваат синоптичарите.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на магла и умерена облачност.

И во Скопје, претпладне ќе биде облачно со појава на магла, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до околу 3 степени.

Утре претпладне ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а наместа ќе има услови за замрзнат дожд, информираат од УХМР. По што ќе следува период на стабилно и суво време со појава на магла по котлините.

извор: Makfax