Димитар Андоновски, кој е дел од составот “Тајфата”, слободното време меѓу настапите го користи за да биде со својот син Михаил и сопругата Христина. Дека моментите со најблиските му се најважни, потврда се и фотките кои ги објави деновиве, а на кои позира во природа со семејството, а во центарот на вниманието, секако, е малиот Миха кој е копија на пејачот.

Многу сум среќен и возбуден поради раѓањето на Михаил. Времето поминато со него ми е најдрагоцено”, рече битолчанецот кој наскоро со момците од “Тајфата” ќе промовира ново видео и тоа за темата “Седум дена, седум ноќи”.

Кадрите за спотот веќе се направени, а моментално се работи на монтажа и промоцијата би требало да се случи кон крајот на месецов.

Инаку, пејачот, исто така, пишува и театарска музика, а последно нешто што го сработи беше музиката за претставата “Дон Жуан# на Народен театар – Битола.