x

Времето „ги прегази“: Прва лига жени ќе стартува дури на 21. ноември

kosarka-1

КФСМ никако да направи вистински план, минаа месеци, денови…ситуацијата станува потешка и понеизвесна, а времето ги „прегази“ челниците на оваа Федерација, додека кроеја планови, додека беа несигурни во своите одлучи, дојде време за собир на најдобриот национален женски тим.

Па наместо на почетокот на следниот месец, Пвата лига жени ќе стартува на 21. номеври доколку секако ситуацијата со пандемија коронавирус го дозволи тоа.

„Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-жени, и имајќи го предвид фактот дека нашиот сениорски национален тим во наредниот период, почнувајќи од 2. ноември,  има обврски во квалификациите за Евробаскет 2021 година, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 21. ноември.

Федерацијата секојдневно ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект и во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, по потреба ќе бидат донесени и дополнителни одлуки за почеток и реализација на понатамошниот тек на натпреварувањето“, се вели во известувањето на КФСМ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата