Александар Пандов му одговара на Борче Трајковски – Боки Бургија, вработен во СЈО како „специјален доставувач“, кој преку ФБ статус му се закани на Пандов до 16 март 2020 година да ѕирка и да внимава да не му влезе во двор специјалниот доставувач Боки Бургија, како спектакуларна морница да му најави црна иднина.

Боки постои женска особа во мојот живот која доста често го предизвикува тоа чувство за кое си пишувал, ми ги крева сите влакна на телото, од малото прсте на ногата до главата. Меѓу нас кажано и нешто друго ми крева!
Да бидам искрен со тебе, да си пишал заменичките Фатиме и Ленче ќе дојдат да ме апсат, па ги замислувам како со долги црни кожни мантили и високи над коленцата им чизмички (црвени или црни) со 12-ка потпетици, нешто со лисици и камшици во дланките кои патем речено треба да им се беспрекорно одржани и нормално маникирани (црвена или бела боја ноктињата), така намонтирани ми утрчуваат дома, ме носат во спална во тројка да ме испрашуваат, ја као правам пресврт, па лисиците на нив, а камшиците во мои раце .. Има, има приказна во тоа и да не грешам душа мислам дека и таа ситуација исто би предизвикале кревање, на влакната. Ама ти ли бе ‘рѓо една? Погледни се на што личиш и од позиција на писмоноша или како си се претставуваш „специјалниот доставувач на СЈО, Боки Бургија“, да ми претиш и да ми се закануваш и уште очекуваш да ми го кренеш? Бургијо, да не должам, еве статусов ќе стои кај мене на ѕид, времето ќе покаже на кого и што ќе му биде кренато.
П.С. Поздрави ми ги Ленче и Фатиме