Активисти на СДСМ со униформи од “Паркинзи- Општина Центар ” денес добиле специјална задача, да делат летоци со кои ги повикуваат граѓаните да излезат на протести. Граѓани кои ги забележале  вработените од ПОЦ, испратија фотографии до редакцијата на Вечер, и ни пренесуваат дека вакви летоци има на сите автомобили, на неколку паркинзи во општината. Точно напладне, во сред работно време, вработените од ПОЦ кои земаат плата од општинската каса, по наредба тргнале да извршуваат партиски задачи. Ова не е прв пат да се злоупотребуваат работните места за да се извршуваат партиски задачи. Исто како и неколку месеци наназад повикуваат на протест пред Специјалното јавно обвинителство, под мотото “Бараме правда, го браниме СЈО”.