Велат дека доколку сакате да дознаете што се случува позади затворените врати на хотелските соби треба да ги прашате собарките. „Бизниз инсајдер“ им се обратил на сегашните и поранешните хотелски собарки за да открие работи кои тие многу ретко би ги кажале, а се однесуваат на секој еден гостин.

„Не оставајте знак “Не вознемирувај“ доколку се одјавувате од хотелот“ – изјавила некоја собарка и додала дека луѓето кога се одјавуваат од собите оставаат отклучено па затоа тие не се сигурни дали гостите се во собата или не се. Од друга страна, пак, тие напоменуваат дека добро е да се стави тој знак тогаш кога за тоа има навистина потреба за да не дојде до непријатни ситуации:

„Многу пати викале на мене тогаш кога не сакале да ги вознемирува некој, но на вратата не стоел знакот „Не вознемирувај““ – изјавила собарката.

За гостите по хотелите собарките сметаат дека не се уредни поради хаосот кој го оставаат позади себе, од видот на фарбање на коса во лавабото како и тоа што ѓубрето го оставале покрај кантата, а не внатре: „Многу од луѓето ги полнат кесите за ѓубре, а потоа ги оставаат на подот“. Работничките во хотелите истакнуваат дека многу им значи кога гостите не го оставаат ѓубрето по подот низ собата.

„Многу често се случува да најдеме инсулински игли од гости со дијабетес кои се незаштитени и се фрлени во ѓубрето. Еднаш случајно се боцнав и шест мсеци ги поминав во пиење лекови за да се заштитам од инфекција“ – изјавила собарката.

Собарките напоменале дека гостите треба да сфатат дека и тие се луѓе кои само ја работат својата работа и дека и нив им е непријатно кога ќе влезат во собата да ја расчистат, а во собата има некој внатре. На крајот споменале дека ги радува кога некои гости се толку добри, па по заминувањето од хотелот им оставаат храна или пијалак во собата: „Работиме напорно и нема ништо подобро кога во текот на својата смена ќе најдете сладолед или ладен пијалак. Доколку сакате да бидете добри кон собарките тогаш оставете им сладолед во фрижидерот или, пак, неотворен пијалак“ – изјавила една собарка.