Најлегендарниот леб во Њујорк се прави во „Орвашерс пекарата“ која постои повеќе од еден век. Малку е познато дека омиленот леб на жителите на Њујорк се прави по стар унгарски рецепт кој во нивниот град е донесен пред 104 години

„Орвашерс пекарата“ е основана во 1916 како „Мала Унгарија“ од страна на  Абрахам Орвашер, унгарски имигрант кој користел стар семеен рецепт за подготовка леб донесен од татковината Унгарија. Бизнисот го наследил неговиот син Луис која ја усовршил формулата за совршен леб, а се тврди дека го измислил лебот од суво грозје за време на Втората светска војна.

Откако е продадена во 2008 година новиот сопственик го проширил бизнисот на повеќе локации низ Њујорк и започнал со масовно производство на леб со што моментално произведува леб за најголемите ресторани во градот.

Денес пекарата има три локации со 95 вработени, а дневно произведува околу 10.000 лебови.