Во Јужна Кореја се потврдени 1.078 нови случаи на коронавирус, што е највисок број од почетокот на пандемијата, објави Корејската агенција за контрола и превенција на болести (КДЦА).

Најновиот број на случаи се случи три дена откако Јужна Кореја првпат забележа над илјада новозаболени во еден ден.

Јужна Кореја го потврди првиот случај на коронавирус во јануари оваа година, и откако првично се избори против ширењето на вирусот без затворање, сега се бори со нов бран.

Доколку заразата продолжи да се шири, јужнокорејскиот премиер најави можност за натамошни заострени мерки на највисоко ниво во земјата, што би значело дека може да се воведе затворање.

извор: Makfax