Припадниците на Суданската народна армија во текот на неодамнешната кампања силувале и палеле живи девојки, се наведува во извештајот на иследниците од мисијата на Обединетите нации во Јужен Судан.

Во извештајот е наведено дека е забележано интензивирање на кршењето на човековите права и оти мисијата на ОН врз основа на изјавите на 115 жртви и сведоци дошла до сознание дека армијата спроведува кампања против цивилното население, го ограбува и го убива, поради што 100 илјади лица се раселени.

Граѓанската војна во Јужен Судан почна во декември 2013 кога армијата се судри со бунтовниците, само три години по стекнувањето на независност.