ЧАСОВИ ГО ДЕЛАТ ВЕЛШАНЕЦОТ ОД ПОТПИСОТ СО “КРАЛЕВИТЕ”

Шпанскиот гигант Реал (Мадрид) и англискиот премиерлигаш Тотенхем на крајот се договорија околу трансферот на Герет Бејл во редовите на “кралевите”, пренесува весникот “Марка”. Според истиот извор мадридскиот клуб за Велшкиот репрезентативец ќе плати 99 милиони евра. Иако психолошката граница од 100 милиони нема да биде надмината, Бејл ќе стане најскапиот играч во историјата на фудбалот. Рекордот во овој момент за тарнсфери сито така му припаѓа на мадридскиот гигант, кој му плати 93,9 милиони евра на Манчестер Јунајтед за Кристијано Роналдо за кого пред три години Шпанците му платија 94 милиони евра на Манчестер Јунајтед.

Се околу зделката е веќе се дефинирано, но трансферот официјално ќе биде објавен денеска, бидејќи синоќа во центарот на вниманието во Мадрид беше клупската легенда Раул, кој се врати на “Сантијаго Бернабеу” за дуел на неговиот Ал Сад против Реал за традиционалниот “Трофеј Бернабеу”.

Трансферот е исклучиво само за пари и нема да има бартер на фудбалери.
Иако некои медиуми објавија дека во трансферот ќе биде вклучен и левиот бек на Реал (Мадрид) Фабио Коентрао, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, сака само пари откако во средата го донесе Бразилецот Вилијан од Анжи.

Паралелно, сепак, Реал (Мадрид) му дава право на Тотенхем да преговара со португалскиот репрезентативец, но само ако ја плати трансферната сума од 20 милиони евра, што не се вклучени во зделката за Бејл.

Дека сите работи се дефинирани околу зделката на Бејл зборува и податокот дека дресот на Реал (Мадрид) со бројот 11 и презимето Бејл веќе се појавија на пазарот во Шпанија.
Во Реал (Мадрид) дресот со бројот 11 се уште е слободен и го чуваат за Бејл. Изминатата сезона него го носеше Естебан Гранеро.

Последниве две сезони 24-годишниот Велшанец е сензација во Премиер лигата.