Во Шпанија се регистрирани повеќе од 10 илјади случаи на заболени од новиот коронавирус, соопшти шефот на здравствената служба Фернандо Симон.

Во Шпанија за едно деноноќие се регистрирани 1337 случаи, и сега бројот на заболени во таа земја изнесува 11.279 и 497 починати. Само во изминатите 24 часа починале 155 лица.

Шпанските власти информираа дека 1028 пациенти се излекувани.