Со поддршка на експерти од Европол, полициската агенција на Европската унија, во две одделни операции во Шпанија и Романија минатиот месец биле откриени нелегални печатници за фалсификувани евра, односно романски леи.

Во операцијата во Шпанија, полицијата соработувала со колумбиските истражни тела, бидејќи како двајцата главни осомничени, уапсени се државјани на Колумбија, претходно познати на локалните власти за слични активности.

извор: Makfax