Шведска, која се определи за помалку рестриктивна стратегија против пандемијата на коронавирус, регистрираше 7.556 нови случаи на коронавирус, според податоците на Националната здравствена агенција.

Во последните 24 часа починаа 135 лица, со што вкупниот број на жртви достигна 7.802, пренесува „Ројтерс“.

Стапката на смртност по глава на жител во Шведска е многукратно поголема отколку во другите нордиски земји, но пониска од неколку европски земји кои применија строги ограничувачки мерки.

извор: Makfax