Eдно лице е хоспитализирано во изолација во шведската Универзитетска болница во Упсала, под сомневање дека е заразено со вирус на ебола, објавија денеска локалните власти.

Пациентот првично бил примен во болницата во Енкепинг и потоа префрлен во Упсала, објави агенцијата „Ројтерс“.

Ургентниот центар во Енкепинг е затворен, а во меѓувреме се следи состојбата на персоналот кој бил во контакт со пациентот, објавија шведските власти.

извор: Makfax