x

Во чест на Диего: Вечерва Неапол со најсилен и најдолг аплауз ќе се прости од својот најсакан син!

napoli-maradona

Смрта на Диего ги остави во шок жителите на Неапол. Ти го загубија својот најсакан син, го загубија оној кој што пред 30 и повеќе години им ја врати радоста на лицата, кога во два наврати ги направи шампиони во Италија.

Па затоа во чест на Диего наполитанците вечерва непосредно пред почетокот на мечот од ЛЕ меѓу Наполи и Ријека во 21 часот, ќе изведат посебен перфоманс кој ќе започне околу 20:45 часот, и тоа ќе биде најдолгиот и најсилниот аплауз кој некогаш е виден. Сите жители на градот под Везув ќе излезат на своите тераси или во своите дворови и ќе му аплаудираат на својот најсакан син. Секако дека ќе запалат и свеќи. Аплаузот ќе заврши кога на стадионот „Сао Паоло“ ќе почне едноминутното молчење пред мечот Наполи и Ријека.

Да се наежи човек.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата