Црногорското Национално координативно тело за заразни болести им препорача на сите верски заедници во земјата верските обреди да ги вршат без присуство на граѓани во храмовите.

Ваквата одлука е соопштена по седницата, на која претседавал шефот на Националното координативно тело за заразни болести, Милутин Симовиќ.

Бројот на активно заболени случаи од коронавирус во Црна Гора изнесува 1.582 лица.