Благопријатната клима во Црна Гора одговара за одгледување на плантажи со бројни лековити растенија. Токму затоа за одгледување на лековити и ароматични растенија во последните години во Црна Гора владее зголемен интерес.

За подигнување на плантажи освен земјоделците, заинтересирани се и инвеститори кои се определуваат за преработка во ароматични масла, со што постигнуваат многу поголема заработка.