Во последните 24 часа во Хрватска починаа 92 лица, со што е соборен апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата. Просечната возраст на починатата е 78,9 години, а најмладата личност меѓу нив имала 47 години, но таа страдала и од малигна болест.

Извршени се 11.387 тестови, а 3.327 лица биле позитивни, така што бројот на моментално активни случаи е 22.402.

Во болниците се лекуваат 2.907 лица , од кои 294 се приклучени на апарати за дишење.

Министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ најави нови мерки oд 21 декември.

извор: Makfax