Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 2.597 нови случаи на инфекција со коронавирус, а бројот на активни случаи во Хрватска е вкупно 15.513, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 1.545 пациенти се во болница, од кои 178 се на апарати за дишење.

28 лица починале.

Од 25 февруари 2020 година, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 72.840 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 893 починале. Вкупно оздравеле 56.434 луѓе, од кои 1.580 во последните 24 часа.

Во моментов има 32.225 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 582.170 лица, од кои 9.681 во последните 24 часа.

извор: Makfax